Пред неколку недели Блејк го изговори судбоносното “да” на Рајан Рејнолдс, но покажа и дека ниту малку не се променила.
Убавата актерка Блејк Ливели е главна ѕвезда на прославата за 80-годишнината на колекцијата на дијамантски накит на Коко Шанел во Њујорк. Блејк блеснала на модниот настан во сребрен фустан дело на Марчеса, со необичен дизајн и богати украси, баш како што доликува за Шанел.
25-годишната Блејк пред неколку недели изненадно се омажи за актерот Рајан Рејнолдс, но иако се работело за колекција на накит, својот веренички прстен не го носела. Прстенот вреден 2 милиони долари со 12-каратен розов дијамант.
Покрај Блејк која го привлекла вниманието на медиумите, настанот не го пропуштиле нути актерката Џенуари Џонс, Дијана Кригер, супермоделот Линда Евангелиста, британската фешн девојка Алекса Чунг и многу други убавици.