Холивудскиот актер Бред Пит е голем љубител на уметнички дела и не жали да издвои пари за она што му се допаѓа.
Го покажал тоа и овој пат изнајмувајќи приватен авион со кој од Лондон одлетал во германскиот град Касел, каде што купил неколку слики со кои планира да ги украси ѕидовите во својот стан.
“Бред сака уметност, а сега го искористи и слободниот ден од снимањето на новиот филм ‘World War Z. Издвои илјадници долари за да одлета во Германија по нови слики”, изјавил извор близок на актерот.