Бремена жена со автомобил го прегазила сопругот, бидејќи не гласал против Обама!

popara13 ноември, 20121min00
guma

Бремената Холи Соломон (28) од американската држава Аризона, која е навредена од новата победата на Барак Обама, со автомобилот го прегазила нејзиниот сопруг Даниел, бидејќи не излегол на претседателските избори.

Огорчена, бидејќи Барак Обама повторно е избран за претседател, 28-годишната бремена  Холи Соломон за се го обвинила својот сопруг, па го прегазила со теренско возило и сериозно го повредила.

Нејзиниот сопруг кој се опоравува во болница вели дека Холи едноставно го мрази Обама, па затоа тоа го направила. Соседите раскажуваат дека инцидентот се случил недалеку од нивниот дом.

“Излезе од автомобилот, а сопругата врескаше по него. Почна да се одалечува, но таа почна да вози во круг околу него и не му даваше да помине, за на крај да го прегази”, раскажува соседот кој повикал полиција.

Холи е уверена дека победата на Обама, неговиот ‘Obamacare’ и останатите програми само ќе ја влошат ситуацијата во нејзиното семејство и поради тоа сакала да победи републиканецот Мит Ромни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma