Бриони…најубавата разгледница од планетата Земја !!!

popara28 февруари, 20123min00
gb76

Овој национален парк, заслужно го има добиено епитетот „ рај на земјата “. Легендата кажува дека тоа е спасено парче од рајот на земјата, одвоен од остатокот од светот, со морето…Местото кое се наоѓа на неколку километри западно од истарската област, наспроти местото Фажана се состои од 14 острови кои имаат површина од 36.3 километри квадратни. Двата најголеми острови се  Големиот и Малиот Брион. Во 1893 година, ова место е прогласено за Национален парк.

Самата област е обрасната со медитеранска и субмедитеранска вегетација. На своите туристи им нуди недопрена природа, а посебно познати по својата зачуваност и убавина се црниката, чемпресот, а многу билки кои ќе ги видите, се ставени под посебна заштита. На островот се наоѓа зоолошка градина, сафари парк со бројни животински видови и парк на диносауруси, во кој можат да се видат нивните сочувани траги. Особено значајни се и културно- историските остатоци како: Венериниот храм, Византискиот каструм, базиликата Св. Марија, т.е. црквата Св. Герман. Задолжителни за посета се и изложбите, особено: Археолошката збирка, Природословната збирка, Јосип Броз Тито на Бриони, прекрасните фрески и глаголски натписи… Или едноставно уживајте во кристалната вода и неодоливиот амбиент…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag