Неверојатно чудо во Британија како од бајките.
Откако Лорна Бејли доживеала срцев удар, лекарите констатирале дека таа е мртва. На големо изненадување за докторите и целото нејзино смејство, оваа британка се разбудила во моментот кога сопругот и шепнал дека ја сака.
Повеќе од три часа траела борбата за живот на 49 годишната Лорна кога докторите сепак се откажале, а целото семејство останало во шок. Иако таа технички била мртва, лекарите ја одржувале во живот со помош на електрошокови и апарати.
Никој не помислувал дека таа може да се разбуди.
Семејството со огромна тага почнало да се поздравува со неа, но кога нејзниот сопруг седнал до нејзниот кревет, ја фатил за раката и шепнал „те сакам“, таа се разбудила.
Жената веднаш била префрлена на одделението за интензивна нега, а нејзината здравствена состојба почнала да се подобрува.