Британка ужива во животот со својата свиња

popara4 октомври, 20121min00
zivot so svinja

Кучето можеби е најдобар пријател на човекот, но британката Марија Купер за домашно милениче одбрала свиња, без која, како што таа вели, не може да си го замисли животот.

Марија (29), која живее во Кент, речиси никогаш не се одвојува од своето огромно домашно милениче, свиња. Со неа излегува во прошетка, а исто така на вратата и направила отвор низ кој може да влезе и да излезе од куќата по своја желба.

Оваа наставничка по музичко толку многу ја засакала својата свиња што ја опишува како најдобра пријателка. “Ја купив кога беше прасе. Беше толку слатка и и дадов име Dinky. Тоа беше љубов на прв поглед, ми беше премногу скапоцена за да ја држам надвор, па затоа ја сместив дома”, изјавила Марија.

Свињата брзо се адаптирала во домот, Марија добро ја чувала и меѓу останатото ја хранела со ореви и банани. Така Dinky брзо добила на тежина, а Марија толку ја засакала што и направила посебна спална соба, откако со месеци спиела во нејзиниот кревет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag