Дванаесет возачи на автобуси од британскиот град Кроби дознале викендов дека сите заедно совоиле 38 милиони фунти на лотаријата EuroMillions, поточно нешто повеќе од три милиони секој поединечно.
Портпаролката на компанијата каде добитниците се вработени, не сакала да ги коментира овие информации и ги отфрлила тврдењата дека сите возачи дале отказ.
Инаку, ова е петти пат по ред тикетите уплатени во Британија да освојат џекпот на лотаријата EuroMillions. Сите досегашни добитници во Британија добиле околу 90 милиони фунти.