Луксузната вила во која живееше познатата пејачка Бритни Спирс се најде на листа за продажба на недвижен имот. Се работи за имотот во кој Бритни се криела по колапсот на нејзината кариера од 2008 година.
Раскошниот имот сега се продава за речиси 10 милиони долари, а Бритни тука живеела заедно со своите два сина се до декември 2011 година. Како што и самата изјавила, месечно за изнајмување на овој имот плаќала 25.000 долари.
Имотот се состои од вила со неколку луксузни спални соби, ходник, убово среден тревник со спортски терени, базени, а во вилата има и простирија за разни видови на игри и билијард. Покрај тоа, на имотот се наоѓа и мала спортска сала, како и просторија за справи за вежбање.
Луксузниот имот на кој живееше Спирс се наоѓа во предградието на Лос Анџелес, односно Хиден Хилс.