Бројките ќе ви откријат каква е вашата врска

popara14 август, 20121min00
tr5

Бројките ги симболизираат карактеристиките и особините на секој поединец, начинот на кој тој размислува и донесува одлуки во животот. Компаративната нумерологија своите прогнози ги дава врз основа на имињата и презимињата.

Најпрво треба да ги соберете броевите од вашето име и презиме, па потоа од името и презимето на партнерот, додека не добиете едноцифрен број. Потоа соберете ги двата едноцифрени броеви (вашиот збир и збирот на партнерот) , додека не добиете повторно едноцифрена заедничка бројка. Заедничкиот збир е нумеролошкиот број на вашата врска.

Пример: Ивана Петкова (5+6= 11= 1+1=2), а потоа партнерот Јован Атанасов (5+8=13=1+3=4), нивниот збир би изнесувал (2+4=6), значи бројот 6 ја означува вашата врска.

Во продолжение ќепрочитате што тоа значи:

Број 2 – оваа врска може да биде доста успешна доколку меѓусебно се дополнувате и толерирате. Во спротивно, вашата врска ќе има лошо влијание врз вас.

Број 3 – овие лица се исклучително чувствутелни и романтични, па затоа и вашата врска може да биде многу романтична и со длабоки емоции.

Број 4 – вам ви било преодредено да се сретнете и да поминете извесен период заедно. Оваа врска може да биде емотивна тешка и оптеретувачка. Доколку сакате да успее, мора да зборувате за се искрено и отворено.

Број 5 – овој број говори дека во оваа врска лицата се како најдобри другари. Ако сакате вашата врска да биде успешна разговарајте за заеднички планови за иднината.

Број 6 – вие двајца сте избрани да создадете цврсто и силно заедништво. Темелот на вашата врска е заедницата, семејството, па затоа ниту еден од вас нема да дозволи било што да влијае на вашата врска и да ја растури. Двајцата сте традиоционални. Врската ќе трае се додека има љубов и хармонија.

Број 7 – двојка која одлично се сложува од секаков аспект. Врската може да стане тешка поради меѓусебно натпреварување на интелектуално ниво. Духовно се совршен пар, но овој однос може да премине и во голема љубомора и да имате тешки кризи и караници.

Број 8 – вашата врска пред се има авантуристички дух и е без обврски. Вашиот однос е хармоничен и складен, но без некој посебен емоции. Нумерологијата вели дека еден од вас во оваа врска има сигурност или материјална корист.

Број 9 – овој број покажува дека двојката е судбински преодредена да биде заедно. Едноставно моравте да се сретнете и да бидете заедно. Врската ќе пропадне ако и двајцата не вложуваат подеднакво во неа.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag