Стана позната поради своето реално шоу, а потоа поради своите облини. Денес нејзината популарност е толкава што го фрлила во сенка и претседателот Обама!
Ким Кардашијан веројатно никогаш не сонувала дека поради реалното шоу во кое учествува ќе стане позната за широката јавност толку што и деталите од нејзиниот приватен живот повеќе ги интересираат од она што се случува во Белата куќа.
На Твитер оваа старлета добила преку 14 милиони следбеници, што е 5 милиони повеќе од бројката која го прати Барак Обама на оваа друштвена мрежа. Но, покрај него, Ким зад себе ја оставила и Опра Винфри, Далај Лама и Бил Гејтс!
Откако забележала дека има толку многу следбеници, на своите фанови им испратила бакнежи од својот профил.