Брус Вилис и Ештон Качер во посета кај Деми Мур!

popara3 февруари, 20121min00
120203043.3_mn

Веќе е познато дека холивудската актерка Деми Мур има здравствени проблеми по разводот со Ештон Качер, но ситуацијата би можела да биде многу посериозна ако не се погрижи да го врати својот живот во нормален колосек.

Според американските таблоиди, вчера ја посетилe двајцата поранешни сопрузи, млaдиот Качер, поради чие неверство се тргна по погрешен пат, а само неколку часа по него и Брус Вилис, татко на нејзините ќерки, Румер (23), Скаут (20) и Талула (17).

Вилис наводно уште пред разводот со Качер ја советувал да побара лекарска помош, бидејќи е премногу слаба и нејзиното здравје е загрозено, но таа очигледно го игнорирала ова.

“Брус е многу загрижен за неа и сакаше да побара помош за да и помогне. Многу пријатели исто така сакаа да и помогнат, но таа едноставно не сакаше да ги слуша”, изјавил близок извор на актерката.

Деми неодамна заврши во болница поради употреба на наркотици, а Брус наводно е загрижен и за нивната ќерка Талула, која неодамна направи сцена во јавноста.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag