Брз овошен колач

popara18 април, 20121min00
3

Ова е едоставен овошен рецепт, а подготовката е лесна и брза и може да се приготвува во текот на цела година.

 

Потребни состојки:

  • 1/2кг. Овошје по желба(свежо или од компот)
  • 1 – шеќер во прав.
  • По желба, листови од бадем
  • 5 белки
  • 250гр – шеќер
  • 1/2л – шлаг

 

Начин на подготовка:

Овошјето може да биде и свежо или од компот, така што бирате по желба или по вкус.

Во поголема тепсија, да се стави масна хартија, да се посипе шеќер во прав и да се поредат листови од бадем. Рерната загрејте ја на 200 степени и ставете малку бадеми да се препржат. Изматете 5 белки, со 250г. шеќер и посипете на оладените бадемо.

Печете 10мин, потоа смалете на 160степени и печете уште 10 мин. додека белките не станат жолти.

Извадете и оладете.

Во меѓувреме измиксирајте пола литар шлаг и посипете го на оладен колач. Филувајте со овошје (јагоди, праски, марелици,вишни, ананас – се по ваша желба).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag