Седумнаесет годишната британка Стејси Ирвин, 15 години континуирано јаде само пилешко од Мек Доналдс, а шокираните лекари предупредуваат дека таквата исхрана може да ја убие. Откако таа наполнила две години таа јаде само пилешки парчиња, а омилени и се оние од Мек Доналдс.
Стејси никогаш во животот не јадела овошје или зеленчук, а лекарите и констатирале анемија и била примена во болница.
Во болница таа морала да биде приклучена на инфузија која ќе и даде витамини, а и покрај предупредувањето на лекарите за лошото влијание на брзата храна, Стејси сепак неможе да им одолее на пилешките парчиња.
„Сфаќам дека ова е лошо за мене, но неможам да престанам да се хранам вака. Најмногу сакам пилешки парчиња, а особено оние од Мек Доналдс или КФЦ“, изјавила девојката.