Брзи диети – дали се навистина добри?

popara12 јули, 20121min00
kalorije-trosenje

Брзите диети звучат многу примамливо за оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми. Што помалку гладување и што помалку салце добро звучи, но запрашајте се, колку е тоа делотворно на подолги стази и какви последици брзите диети можат да имаат врз организмот.

Здравиот начин на живот пред се подразбира здрава исхрана. Нутриционистите препорачуваат што повеќе помали оброци на ден и нагласуваат дека мора да се јаде – нешто повеќе, нешто помалку. Меѓутоа, брзите диети претежно се базираат на гладување, а таква нагла промена предизвикува вистински шок на организмот, особено ако до тогаш сме ги хранеле повеќе очите отколку стомакот, од каде килограмите всушност се појавиле.  Со гладување навистина многу брзо може да се изгубат килограмите, но треба да знаете дека тие исто така со огромна брзина ќе се вратат штом ја прекинете диетата и се вратите на старата исхрана.

Исто така, брзите диети збучат исто така примамливо поради тоа што за време нивното придржување не мора да практикувате физичка активност. Хм, дали размислувавте каде ќе отидат сите тие масни наслаги ако не вежбате? Кожата ќе се истегне, а вие ќе изгледате млитаво и исушено, ни малку привлечно.

Брзите диети никако не се добри за психата на човекот. Тие предизвикуваат нервоза, незадоволство, општо нерасположение и губење на концентрација. Не сте способни било што да правите овен по цел ден да спиете и да размислувате за храна, па така на себе повеќе си отежнувате.

Ако сакате да игубите килограми и воедно да ги смените своите животни навики кога е во прашање исхраната, тогаш послушајте го советот на нутриционистите кој го споменавме на почетокот на текстот.  Движете се, вежбајте, јадете што повеќе овошје и зеленчук, пијте многу вода и бидете задоволни и самоуверени. Килограмите ќе се стопат, а вие ќе можете да ги облечете старите фармерки кои повторно се вратиле во мода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag