Според истражувањата на британскиот Гардијан бурекот се најде на листата најдобра улична храна во светот, бидејќи е многу вкусен и крцкав.
Bohinga, Бурма – вид на рибина чорба со ориз и зеленчук.
Banh mi, Виетнам – малкумина знаат дека покрај во Италија, најдобар сендвич може да се јаде и во Виетнам.
Daulat ki chaat, Индија – сладок и вкусен рецепт направен од млеко, фстаци и шафран.
Phat Kaphrao, Тајланд – локалните жители го обожаваат ова традиционално јадење кое се состои од месо и соодветни зачини, меѓу кои највеќе босилок
Бурек, Босна и Херцеговина – според гардијан ова е најпопуларната улична храна на Балканот, опишан е како вкусен и крцкав специјалитет, кој се прави од кори, а може да биде со месо, сирење или спанаќ.