Потребни состојки:
- 500г – јунешко месо.
- 1 – лажичка маслиново масло
- 1 кромид, ситно сецкан
- 1- стапче цимет
- 4 – каранфилчиња
- 1 – лист лорбер
- 2 – шољи јунешка супа
- 8 – тортиљи
- Салса од домати за служење
Начин на подготовка:
Се чисти месото од маснотијата и се сече на коцки, со величина од околу 2 см. Се загрева маслото на тава од средна големина и се динста додека месото не биде златно-браон боја. Се додава стапче од цимет, каранфилче, лорберов лист и јунечка супа. Се загрева до вриење, потоа температурата се смалува и се динста поклопено уште 30 минути, или се чека да омекне месото и не испари течноста. Да се извади циметот, каранфилчето и ловоровиот лист. Месото се ситни со 2 вилушки. Се служи по желба, ладно или топло, завиткано во тортиља како палачинка, со салса сос од домат и салата.