Светлана Ражњатовиќ успеала да го отплати долгот на пријателите кои и позајамиле сума од 500.000 евра за да може да ја плати втората рата на државата.
Веќе по неколку настапи Цеца од заработените хонорари успеала да го врати долгот од 500.000 евра.
Да се потесетиме, пејачката и нејзината сестра Лидија Оцокољиќ на 15 декември 2011 година уплатиле половина милион евра во буџетот на Србија.
За разлика од првата рата, за која фолк ѕвездата парите ги обезбедила главно од продажбата на синглот “Šteta za mene“, за другиот дел од долгот повеќе се помачила.
“Дел од парите сама ги обезбеди, а и многу се трудеше да ги најде остатокот од парите. Можеби и самата ќе успееше да ги собере сите 500.000 евра, но наводно, работата ја олесниле пријателите кои не и го завртеле грбот. Меѓу нив е и еден познат фудбалер”, открива изворот.
Штом ја дочека слободата, фолк ѕвездата веднаш се посвети на подготовките за турнејата со својот близок соработник Александар Милиќ.
Цеца, неофицијално, од едно гостување заработува до 50.000 евра.