Иако планираше да се одмори во својата вила во Аја Напи, пејачката нема да има многу време.
– Нема многу да се одмарам бидејќи на Кипар ќе го снимиме видео записот за песната “Probudi me kad bude gotovo”. Со мене доаѓа целиот тим на соработници од Белград со цел да го снимиме што е можно поквалитетно спотот.
Таа на Кипар ќе остане до 29 јули, кога доаѓа во Будва да настапува во најпознатиот клуб во Црна Гора Top Hill, а потоа се враќа во Аја Напи, а на 04 август ќе оди за Охрид.