Светлана Ражњатовиќ гостувала во бугаркото шоу во кое водителот Слави Трифонов ја нападнал со прашања поврзани со водење љубов.
Цеца признала дека не и фали секс, поради тоа што се плаши да не се навлече на него! Ова српската фолк ѕвезда го открила гостувајќи во најгледаната бугарска емисија “Слави шоу”. Таа се појавила таму со цел да го најави својот концерт во Софија на 22 мај, но водителот едвај и дозволил да зборува за настапот. Уште на почетокот почнал да се воодушевува на нејзината убавина и …
Слави: Изгледаш фантастично. За една жена да изгледа толку добро мора да има љубов, да има секс…
Цеца: О, секс –не!
Водителот тогаш извикал: “Како тоа, секс не?!” Цеца почнала да му објаснува дека љубовта и ја даваат фановите.
Слави: А зошто не секс? Што има лошо во сексот?
Цеца: Може да ти се допадне, па потоа да бараш повеќе и повеќе…
Слави: Зошто ме гледаш така, како да не можем повеќе и повеќе. Бараш повеќе и добиваш повеќе. Значи, сексот не ти е важен?
Цеца: Не важна е љубовта.
Слави: Јас мислам дека е убаво да имаш роматичен секс.
Цеца: Се согласувам!
Инаку, интересот за концертот на Ражњатовиќ во бугарската престолнина е огромен, така што тоа ќе биде уште еден успешен настап за време на нејзината турнеја.