Новинарите ја фатија Цеца кога се појави на аеродромот и замина за Кипар, но сега пејачката сама ги информираше медиумите за своето уживање со Вељко и Анастасија, се разбира, преку профилот на Твитер…
“Моите деца и јас” е натписот што стои под фотографијата која ја објави на својот профил на Твитер. Сепак пејачката сеуште не открива кога ќе се врати во Србија, така што прашање е дали ќе се појави на ВИП журката на Прва Телевизија за која доби покана.