Најголемата српска фолк ѕвезда Светлана Ражњатовиќ утре слави 39ти роденден. Сеуште целосно не закрепна од операцијата, но журката нема да изостане.
-Цеца сеуште не се чувствува најдобро, па во моментов не би и одговарала мегаломанска прослава. Сепак, сака да го одбележи роденденот, па во својата вила ќе ги повика роднините и најблиските пријатели, за кои подготвила и голема роденденска торта. Цеца голем дел од работата ја завршила сама, но ја надгледувал и професионален слаткар, кој вчера и помогнал да направи голем и вкусен десерт.
Како што дознаваме, фолк ѕвездата сеуште размислува дали да ангажира бенд. Ретко која прослава која ја организирала поминала без свирка, а гостите воглавно ги забавуваат музичарите од бендот Алегро.
Покрај торта, гостите – како и секогаш кај Цеца – ќе уживаат во разни специјалитети, кои за ваквите прилики ги подготвува нејзиниот татко Слободан.