Пред крајот на издржувањето на казната домашен притвор, на адресата на Светлана Ражњатовиќ стигнала уште една “честитка” од судот, и тоа поради неплатени сметки во износ од скоро илјада евра. Како што е наведено на интернет страната на судот, Цеца има заостанати долгови од 101.486,75 динари според ЈКП “Белградски водовод и канализација”!
-Оваа компанија поднела барање до Првиот основен суд за одземање на подвижен имот поради акумулирани долгови. Судот не ја донел конечната одлука, но приговорот кој пејачката неодамна го доставила преку адвокатот е отфрлен како неоснован, поради тоа што задоцниле со жалбата, вели извор од судот.
Како што наведуваат во ваквите ситуации, Цеца има две можности.
-Изврѓување, односно заплена на имотот, може да се спречи само ако го исплати долгот. Другата опција е да почека судските извршители да и тропнат на врата, објаснува соговорникот.
Финансиските обврски на познатата пејачка не завршуваат со решавање на долгот за вода. Третата, последна од трите рати кои мора да ги плати со цел во целост да ја исплати казната поради измама со трансфер на фудбалери, на наплата стига до крајот на јуни 2013 година. До тогаш Цеца мора да собере уште половина милион евра, бидејќи еден милион веќе уплатила.