Цеца заработува 3.000 евра месечно!

popara22 февруари, 20121min00
ceca

Адвокатите на фолкерката доставија до судот документ во кој се наведени нејзините месечни приходи.

Се е на виделина.

NUNS центар за истражувачко новинарство (CINS) и регионално истражувачката  организација Organized Crime и Corruption Reporting Project (OCCRP) објавиле над педесет документи за триста и повеќе страни за апсењето, притворот, заплена на оружје, признание на вината, хипотеки врз куќата на Светлана Ражњатовиќ, а во документацијата е и известување SBPOK, документација на нејзините претпријатија, интерниот документ ФК Обилиќ, извештаи за контрола на Народната банка…

Помеѓу останатото, наведено е дека пејачката само пет дена пред убиството на Зоран Ѓинѓиќ склопила договор со Комерцијална банка за кредит за изградба на дел од фудбалскиот стадион Обилиќ во износ од 9,7 милиони динари. Веќе на 17 март е уапсена во полициската акција “Сабја”. Поради тоа што не го вратила целокупниот кредит во рок од 12 месеци, Апелациониот суд во Белград во мај 2011 година, донел пресуда од која таа мора да врати уште 900.000 динари.

Инаку, според документот кој на судот го доставиле адвокатите на Цеца, нејзините месечни примања изнесуваат околу 3.000 евра. Во списоците кои CINS и OCCRP ги објавиле се наведува дека сестрата на фолкерката, Лидија Оцокољиќ е сопственик на компанијата “Цеца мјузикл”, каде се наоѓа и музичко студио.

Забележано е дека споменатата фирма во 2010 година имала приход од 300.000 евра, што е седум пати повеќе отколку во 2009 година, кога работеле со загуба од 20.000 евра.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag