Легендарниот Чак Норис изјавил дека на луѓето со хомосексуална ориентација не им е местото во американските извидници.
Републиканскиот политички активист Норис ова го напишал во статија за еден интернет медиум кој бил насловен: “Дали Обама ствара хомосексуалци?”
Во статијата 72-годишниот актер го напаѓа Џејмс Туарли, високо рангиран службеник на Здружението на американски извидници, кој неодамна објавин план дека бара промени на правилата со кои на хомосексуалците им се забранува работа во оваа орагнизација. Исто така, смета дека тој овој чекор се одлучил за да ја задоволи администрацијата на Обама која е “наклонета на хомосексуалците”.