Чанинг Татум, ѕвездата на филмот Magic Mike, од страна на познатиот магазин People е прогласен за најсексипилен маж во 2012 година.
Чанинг бил воодушевен од титулата, иако на почетокот не можел да поверува во тоа.
“Дури ни мојата сопруга не можеше да поверува дека ја добив титулата која своевремено ја носеше Бред Пит”, изјавил 32-годишниот актер.
Татум сега работи на снимањето на филмот Foxcatcher, во кој глуми атлетичар-олимпиец. Затоа периодов обрнува големо внимание на своето тело.
“Сакам да бидам слаб зашто кога сум подебел, потешко се движам”, изјавува актерот.
Овој пар во моментов работат на проширување на семејството. Чанинг додава дека би сакал со сопругата Џени да имаат 3 деца.