Дами, не двоумете се да кажете „да“ на чаша вино, особено ако ви ја нудат по патот кон спалната. Последните студии покажуваат дека боженствениот пијалок не само што гарантира долг живот и добро здравје, но и многу подобар секс.
Експерти од универзитетот во Флоренција набљудувале 800 жени на возраст меѓу 18 и 50 години и го анализирале задоволството што го постигнуваат по време на секс. Резултатите се добиени на базата на специален индекс, кој се користи во медицината за контрола на сексуалното здравје кај жените, базирано на фактори како возбуда, оргазам, задоволство и болка.
Се покажало дека жените кои пијат 1-2 чаши вино на ден имаат 28 поени од максималните 36, за разлика од оние кои не пијат вино и имаат само 24 поени на скалата на сексуалното задоволство.
Од историски аспект, врската помеѓу сексуалноста и виното е добро позната уште од времето на древните елини, појаснува д-р Никола Мондајни.