“Челичната Леди” го прослави 87-от роденден.

popara15 октомври, 20121min00
margaret tacer

Поранешниот британски премиер Маргарет Тачер го прослави својот 87 роденден, појавувајќи се во јавноста првпат по подолго време.

Првата жена премиер на Велика Британија, која поради својата цврстина и решителност да истрае на политиката што ја има определено беше нарекувана “Челичната Лејди”, роденденот го прослави во друштво на својот син Марк Тачер и неговата сопруга.

Тројцата беа на ручек во еден лондонски ресторан без присуство на кого било  од Конзервативмата партија, чиј лидер Тачер беше од средината на седумдесетите години на минатиот век, па до 1990 година. Таа претстана да дава изјави и интервјуа, откако претрпе помал мозочен удар пред осум години, а не се појавува во јавноста откако лекарите открија дека е заболена од деменција.

Лондонските медиуми јавуваат дека некогаш најмоќната жена во Велика Британија за роденденот добила многу букети со цвеќе од пријатели и поддржувачи. Во Даунинг стрит 10 таа остана 11 години, што е најдолг премиерски стаж во поновата британска политичка историја.

Тачер додека беше премиер покрена процес на приватизација на британската индустрија, успеа да го скрши штрајкот на рударите, по што донесе мошне строги законски прописи за синдикално делување и ја порази аргентинската армија по извршената инвазија врз Фокландските Острови, испќајќи моќна армада на дестици илјади километри далеку од Велика Британија. Беше присилена да поднесе оставка, по партискиот удар, по кој ја наследи Џон Мејџор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma