Чесите оваа година се најдоа прво на листата „најпорочен“ народ во светот, а рангирањето е според тоа колку лица се зависници од дрога, алкохол, коцкање и друго, јавија чешките медиуми.
На листата има 57 земји , а просекот е земен според тоа колку жителите сакаат да пијат алкохол, пушат цигари, земаат дрога, или трошат пари на коцкање. Според податоците на Светската здравствена организација и ОН, чесите се убедливо прво на листата, а по нив се словенците.
Потоа следуваат жителите на Австралија, Ерменија и Шпанија. Србија и некои други земји од Балканот не се на оваа листа бидејќи немало доволно податоци за секоја категорија. Сепак, Хрватска влезе во првите десет, односно на девето место, а Босна и Херцеговина се најде на десетто место.
Чесите се најдоа на прво место поради фактот дека имаат најголема потрошувачка на алкохол, но и на марихуана, додека за консумирање на екстази се на второ место.