Четри лица се селат на Марс во 2023 година?!

popara7 јуни, 20121min00
mars

Холандската компанија „Mars One“ има храбра мисија во која на Марс ќе ги испрати првите колонизатори во 2023 година. Планот е да се избере среќната четворка и да се претвори во риалити шоу, а на Марс да се изгради посебна наслеба во која тие би живееле.

Според компанијата првата четворка би заминала во 2023 година, а потоа на секои 2 години би оделе уште други четворица, па така до 2033 година на Марс би живееле 20 лица.

„Ќе ја финансираме мисијата веќе следната година ќе започнеме со најголемиот медиумски спектакл“, изјавил Бес Ленсдорп од компанијата „Mars One“.

Планот на мисијата е:

2013 година започнува изборот на колонизатори, целиот процес ќе се емитува на телевизија или онлајн.

2014 година подготовка за мисијата, опрема, производство на комуникациски сателит.

2016 година првата мисија со опрема и храна на Марс.

2018 година роботи ровери ќе слетаат на Марс за да ја изстражат најдобрата локација за тоа каде може луѓето да се населат.

2021 година на Марс ќе ги има сите делови од наслебата.

2022 година се ќе биде поставено и подготвено.

2023 година астронаутите на Марс ќе ги дочекаат роверите и се мисијата може да започне.

2025 година членовите на првата мисија ги дочекуваат новите челнови и опрема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag