Чиста совест за стабилна врска

popara25 април, 20121min00
ooo

Лесно е да судиш за другите. Со рака на срце треба да си признаеме, дека ако не секојдневно, тогаш често правиме работи (дела или зборови) за кои барем еднаш сме обвиниле некого ако тој постапи така со нас.

Лесно е да ги осудуваш другите, кога не се обидуваш да ги разбереш. Или пак сме станале премногу високомерни па најчесто забораваме на библиската фраза: „сакај го ближниот свој како себе си!“ а тука не треба да заборавиме дека под ближен се подразбира секој еден човек.

Овие правила важат за сите животни области и секако и за љубовта. Во една вистинска и здрава врска компромис и разбирање мора да има. Тргнувајќи од фактот, дека никој не е безгрешен, ние не смееме нашето внимание да го насочуваме само кон негативните особини на нашиот партнер. Секогаш погледот треба да е насочен пред се кон нас самите. Да успееме да ги откриеме и поправиме нашите недостатоци и дури потоа да погледнеме на грешките на другиот.

Навредата никогаш не е начин! Тоа е само пат кон влошување на ситуацијата. Ако има нешто што ви пречи кај партнерот, без да го навредувате, најдете начин како да му го кажето тоа без да ги повредите неговите чувства. Разговарајте за се! Разговорот е најдоброто решение. И секогаш нека има место за компромис.  Бидејќи со каков суд судите, со таков и ќе ви судат!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag