Ерон Ларг (28), кој во канализација пронашол часовник “Rolex” вреден 24.000 евра, однел тим од телевизиска станица за да им покаже каде тоа се случило, но на истото место нашол уште три многу вредни часовници.
Британскиот двевник “Daily Telegraph” наведува дека Ларг би можелм да заработи повеќе од 72.000 евра доколку некој не дојде да ги побара часовниците. Тој е пофален за неговата чесност, бидејќи откако го пронашол часовникот “Rolex” и одма го предал на полицијата.
Меѓутоа, тој се вратил на истата локација со екипата од локалната телевизија, но бил изненаден кога на истото место пронашол уште еден “Rolex”, “Omegа” и “Frank Miller”. Сите часовници се пронајдени во канализацијата преку патот на железничката станица во Есекс.
Полицијата води истрага дали часовниците се поврзани со некој грабеж.