Домашна помошничка од Индонезија во Саудиска Арабија отишла со цел да заработи нешто и да се врати дома. Но со сигурност не ни сонувала дека ќе стане милионерка.
Богатиот Саудиски претприемач Али Ал Јами, одлучил да вработи домашна помошничка, индонезијката се јавила на огласот, кој во буквална смисла и го променил животот.
Јами одлучил да се ожени за неа, но бракот не траел долго бидејќи починал по две години, оставајќи и го богатството на сопругата. Таа наследила околу 4 милиони евра. Сега таа повторно е во брак и богатството го дели со сопругот.