Нашата кожа дише преку порите. Но порите не е едноставно да се негуваат, па затоа често се појавува црвенило, акни и останати проблеми со кожата, особено на лицето. Нечистотијата и бактериите кои се собираат во порите предизвикуваат затнување на самите пори, а со тоа и појава на разни неправилности. Еве неколку совети за темелно чистење на лицето со кои ќе имате совршен тен.
Хидратација – Нема здрава и убава кожа без правилна хидратација. Затоа дневно пијте најмалку по 2 литри вода.
Исхрана – За здрава и убава кожа и тело потребно е нивото на Ph вредноста да биде во рамнотежа. Затоа јадете избалансирана храна, односно што повеќе овошје и зеленчук, а што помалку пржена и мрсна храна, бел шеќер и црвено месо. Исто така смалете го внесот на зашеќерени сокови и кафе.
Стрес – Стресот влијае врз вашата кожа бидејќи предизвикува создавање на киселина во телото која подоцна се ослободува преку кожата. Затоа пронајдете начин да се ослободите од стресот и правете нешто што ќе ве опушти и смири, како прошетка, слушање музика и читање.
Нежна нега – Честото миење на лицето со сапун не е многу препорачливо. Најдобро е да користите средства за чистење на кожата кои се нежни и кои содржат хипоалерген глицерин, но тоа правете го максимум еднаш дневно, односно на крајот на денот. Исто така избегнувајте да користите средства кои содржат алкохол, бидејќи ја сушат кожата.