Потребни состојки:
- 300гр – мелена плазма
- 75гр- путер
- 3 лаж.- шеќер
- 1/8 лаж.-Цимет
Фил:
- ½ шоља павлака
- 2 кесички ванин шеќер
- 1 лажичка инстант кафе
- 200гр- исецкано чоколадо за готвење
- 250гр – сремско сирење
- 3 лажици какао во прав
- Сол
- 250гр шеќер
- 3 поголеми јајца
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200ц.
Во чинија измиксирајте ја плазмата, шеќерот, циметот и путерот. Миксирајте се додека не се соединат.
Тестото префрлете го во округал калап за колачи(пречник од 20см).врз тоа ставете хартија за печење.
Во тавата, еднакво распоредете го, печете го 5 мин, и оставете го на страна да се олади.
Намалете ја темпоературата на 150 ц.
Фил:
Измешајте ја павлаката , ванилата и кафето во помал сад.
Проварете вода во помал лонец и преку него ставете го садот со смесата. Во друг сад стопете чоколада, Оставете ја да се олади.
Со миксер изматете го сирењето, какаото и солта. Миксирајте се додека не се соедини. Потоа додадете го шеќерот и продолжете да миксирате додека да се соедини. Додадете го чоколадото и добро измиксајте.
Додавајте едно по едно јајце. Замешајте.
Преку корите и калапот прелијте го филот. Распоредете го рамномерно и порамнете го врвот.
Печете на 150 ц. 50-60 мин. Или се додека централно не почне да се подига.
Тогаш ставете го на страна да се олади, а потоа ставете во фрижидер на неколку часа па и ноќта. Тортата ќе се стврдне и со тоа ќе ја добие својата текстура и вкус.
Сервирање:
Тргнете го прстенот од калапот со подолга, метална шпакла.
Одвојте ја кората од плехот. Внимателно тргнете ја тортата на тањир. Ножот загрејте го во врела вода , исушете и исечете ја тортата на кришки.