Парчиња од компир и Њоки се составен дел од подлогата на многу сосови и пикантни гулаши.
Потребни состојки за 1 кг, Њоки:
- 1кг – бел компир
- 300гр – брачно
- 1 јајце
- 1лажица сол
- 1 лажица маст
Начин на подготовка:
Тесто:
Во среден сад сварете измиен компир со кора.
Кога е сварен, истурете ја водата. Топлиот компир олуштете го и испасирајте. Во смесата додадете сол, маст, јајце и брачно и добро измешајте како за пире
Обликување:
Тестото извадете го на побрашнета маса и замесете смеса која не се лепи за даската.
Од тестото направете стапчиња во дебелина на палец во должина од 5 – 5 см.
Варење:
Во меѓувреме, во поголем лонец зовријте засолена вода.
Во водадата ставајте ги њоките во групи.
Кога ќе испливаат на површина извадете ги со шуплива лажица.
Наредете ги на тањир и залијте ги со сос.
Совет:
Доколку не ги служите веднаш. Оладете ги во ладна вода. Ставете ги во засебен сад и малку ставете зејтин.
Пријатен апетит…