Чоколадни бомбици со снегулки, желе и суво грозје

7 ноември, 20120
bombici

Потребни состојки

  • 200 гр. Чоколадо
  • 100 гр. Какао
  • 200 мл. Млеко
  • 300 гр. Шеќер
  • 200 гр. Путер
  • 200 гр. овесни снегулки
  • 100 гр. Желе
  • 100 гр. суво грозје
  • 1 ванилин шеќер
  • Лажичка рум

Припрема:

Сувото грозје ставете го да отстои во сад со топла вода околу 15 минути за да омекне.

Во тенџере на оган ставете го какаото, млекото, шеќерот и путерот. Откако ќе се растопи смесата, тргнете ја од оган и додадете го ванилиниот шеќер, румот и овесните снегулки. Потоа додадете го сувото грозје и исецканото желе.

Од вака приготвената смеса со помош на лажици обликувајте бомбици во кои ќе ги наредите на тава обложена со фолија. Вака приготвените бомбици оставете ги во фрижидер добро да се изладат.

Непосредно пред да ги послужите, бомбиците наредете ги во хартиени корпи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi