Чоколадни пралини со брусница и лешници
4 декември, 20120
Ви подаруваме рецепт за ултра сладок ден, кој тотално ќе ве воодушеви. Ова чоколадо не се купува, туку настанува во вашата кујна. Со многу љубов и насмевки, посветеност и најубави состојки.
Потребни состојки:
• 1 шолја издробено темно чоколадо
• 1/3 шолја пржени и исечкани лешници
• 1 лажица изрендана кора од портокал
• 1/3 шолја суви брусници
• 2 лажици кокосово масло
• малку морска сол
Начин на подготовка:
Истопете го чоколадото. Додадете кокосово масло и мешајте сè додека не се истопи. Измешајте ги и другите состојки. Со помош на лажица обликувајте ја смесата во мали пралини и редете ги на хартија за колачи.
Потоа, ставете ги во фрижидер за да се изладат. Се сервираат ладни.