![дедо](https://popara.mk/wp-content/uploads/2012/09/дедо.jpg)
Речиси секој ден од своите 18 години 90 годишниот Артур Рид го посетува својот омилен паб за да ужива во пиењето пиво.
Артур Рид е нетипичен 90-годишен човек кој голем дел од својот живот го поминал во својата љубов кон пивото. Тој, всушност, веќе 72 години пие пиво во истиот паб, на истото место. Бидејќи истиот паб го посетува од своите 18 години, успеал да испие дури 30.000 кригли пиво.
Станува збор за пензионер кој на 14 години го напуштил училиштето и никогаш не се оженил ниту имал деца. “Секое утро снанувам многу рано, не одмарам многу. Секогаш напорно работев и уживав во посетата на пабот, никогаш не почувствував потреба да одам подалеку од пабот”, изјавил старецот.
Азија Матчак која го води пабот изјавила дека само еднаш се случило Артур да ја прескокне посетата во пабот, а тоа било поради зимските услови, но инаку секогаш во 15:30 доаѓа по своето омилено пиво. “Ако случајно се случи да не се појави во пабот, сите се прашуваат каде е Артур”, објаснила сопственичката на клубот.