80 годишниот Мехмет Исиклар од турскиот град Сивас во 1947 година завршил само четри годишно основно училиште, а сега заедно со врсниците на своите внуци оди повторно во училиште за да го заврши осмо годишното основно образование.
Дедо Мехмет веќе три години вонредно ги полага предметите во основнот училиште, досега положил 12 предмети и изјавил дека нема намера да се откаже.
„Јас се едуцирам во својата 80-та година, а образованието не познава старосни граници. Нашата младина треба да знае дека не треба само да шета по улици и залудно да го троши времето“, порачал дедо Мехмет.
Најголем проблем во учењето му претставува англискиот јазик, но му помагал внуката.