Човек верува во она што сака и го гледа она што сака да го види

popara5 февруари, 20121min00
c

Затоа се вели дека очите гледаат различно. Понекогаш вистината е точно пред тебе, но го покриваш лицето, ги затвараш очите и ушите зошто несакаш да чуеш и видиш. Толку е удобно да си создадеш нова вистина по свој образ и подобие, нели? Тогаш единственото што го правиме е да си ги заштитиме позициите и замоците од песок. Што и да гледаат останатите, нели знаеме, дека тоа не е така. Всушност точно тоа е генијалното – дека можеме да си создаваме сопствени империи, во кои цар и царица се нашите верувања. Однадвор може и да се познава колку нездрави и кревки се зидовите, но ние сме убедени, дека тоа не засега само нас и никој друг. Секојдневно грижливо се стремиме да го одржуваме нивото на постигнатото. Дури и кога ќе отидеме премногу далеку. Времињата се менуваат, со нив и многу од табуата отпаѓаат и тоа ти овозможува да се излизгаш по тенкиот лед на искушенијата. Да си мислиш дека отпаднале секакви ограничувања и морални вредности. Дури го претставуваат тоа како нов вид на комуникација – демократски и ужасно примамлив. Па нема ништо лошо во тоа да газиш се по својот пат само и само да се доближиш до дрвото на парите и да го протресеш со сета сила. Замката се состои во тоа што од една страна стои чувството за правда, а од другата правилото дека преживува посилниот и ти си тој што треба да го докаже тоа. Наредната голема лага. Вистината е дека злото што ветува весел и безгрижен живот никогаш не заборава да дојде по своето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag