Познат како „Херкулес од Анадолија“, Зафер Пезук (37) успеал да повлече половина метар авион тежок 19 тони.
Тој порано успеал на сличен начин да повлече два трамваја и автобус. Со влечењето на овој авион тој постигна нов рекорд .
Херкулес од Анадолија врзал неколку јажиња околу рамената кои биле прикачени за авионот и успеал да го повлече истиот околу половина метар. Овој човек инаку по професија е столар.