Google Chrome стана најпопуларен пребарувач, но само за еден ден, кога на 18.03.2012 го премести Internet Explorer на второто место. IE ја држеше лидерската позиција од 1999.
„Иако за еден ден, ова може да биде пресвртна точка,” изјави Aодхан Кулен, претседател на StatCounter, компанија за веб аналитика.
Chrome не издржа долго, бидејќи IE на почетокот на оваа недела повторно стана недопирлив. Како и да е, на Chrome многу подобро му оди во викендите, затоа што кога се дома, корисниците на интернет услугите повеќе го користат пребарувачот на Google, наместо тој на Microsoft.
Останува да се види дали Chrome ќе може да остане лидерски пребарувач за подолг временски период, но трендот на зголемување на неговата популарност не може да се порекне!