Чудни и интересни факти за Св. Валентин кои сигурно не сте ги знаеле!

popara14 февруари, 20121min00
3333333333

Секој просечен американец ќе потроши 119.67 долари за да купи подарок за својот партнер/ка, за Денот на Вљубените.

Мажите трошат два пати повеќе пари за Св. Валентин од жените. Мажите оваа година во просек ќе потрошат 156 долари за подарот, додека жените „само“ 85 долари.

Повеќе од една третина од мажите не сакаат да добијат подарок за Св. Валентин. Помалку од 10% од жените го делат истото мислење.

Цените на цвеќињата за Св. Валентин се за една третина поголеми отколку нормално.

Повеќе од 9 милиони Американци ќе им купат подароци на своите миленици за Св. Валентин.

15% од жените сами себеси си испраќаат цвеќиња на Денот на Вљубените.

Според податоците на компанијата Дурекс, најголем процент на продадени кондоми има токму на Св. Валентин, во просек 20 – 30% повеќе од нормално.

Во март (месец дена по Св. Валентин) се продаваат најмногу тестови за бременост.

Пеницилинот, популарна терапија со која се лечат и многу сексуално преносливи болести, беше официјално претставен на 14 февруари 1929 година.

Најмногу картички за Св. Валентин добиваат учителките.

Најстарите податоци за прославата на Денот на Вљубените потекнуваат од 1415 година, како што дознаваме од една поема на Чарлс, Војводата од Орлеанс.

Секоја година на Денот на Вљубените се испраќаат една милијарда честитки, што го прави овој празник најпопуларен веднаш по Божиќ.

Многумина сметаат дека Денот на Вљубените е „измислица“ на компанијата за производство на честитки Халмарк. Тие првата честитка за Св. Валентин ја пуштиле во продажба во 1913 година.

Секоја година Халмарк спроведува над 100.000 интервјуа и фокус групи. Исто така Халмарк секоја година објавува околу 2000 различни картички за овој ден.

Во Јапонија е традиција жените да им даваат чоколада и други подароци на мажите на овој ден. Оваа традиција започна како кампања на јапонските производители на чоколади. Мажите, од друга страна, треба да им купат чоколади на своите сакани на 14 март, односно на Белиот ден.

Се верува дека корените на Св. Валентин потекнуваат од римскиот фестивал на плодноста Липеркалиа. На овој ден младите мажи влечеле имиња на жени од стаклен сад на јавна церемонија. На оваа лотарија мажите влечеле имиња на жени кои во наредната година требало да им бидат сексуални партнери.

Во католичката црква се спомнуваат три различни маченици под името Св. Валентин.

Католичката црква го внела Св. Валентин во календарот дури во 1969 година.

Фразата „Слатки за мојата слатка“ е извадок од драмата Хамлет од Шекспир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma