Неверојатна приказна пристигнува од Аргентина. Аналија Боутет, на 3 април се породила предвремено, а докторите нејзиното бебе го прогласиле за мртвородено. Кога родителите на бебето, Луз Милагрос заминале во мртовечница за последен пат да го видат своето дете и да се збогуваат, присуствувале на вистинско чудо – виделе дека малата Луз се движи и произведува тивки звуци.
Луз Милагрос, пет месечно девојче од Аргентина, кое е прогласено за мртво, а потоа најдено живо, 12 часа подоцна во мртовечница, пуштено е на домашна нега.
Докторите потврдиле дека малата Луз е во стабилна состојба, има цевка за хранење и помош при дишење, изјавил управителот на аргентинската болница.