Чудо од чоколадо

6 февруари, 20120
cudo

Состојки:

Кора:

4 јајца

100 гр. шеќер

200 гр. маргарин

100 гр. чоколадо за готвење

4 лажици брашно

1 прашок за печиво

Фил:

0.5 слатка павлака

200 гр. чоколадо за готвење

1 лажица шеќер

Припрема:

Изматете ги жолчките и шеќерпт, додадете го истопениот маргарин и чоколадото, па брашното промешано со прашок за пециво. Потоа додадете ги шлагот од белки, кој рачно сте го изматиле. Печете во тава во која претходно сте ставиле хартија за печење на температура од 180 степени околу 20 минути. Проверете со чепкалка дали кората е готова.

Слатката павлака, чоколадото и шеќерот загрејте ги на тивок оган се додека не зовријат. Повремено промешајте.

Печената кора избоцкајте ја со вилушка на неколку места и додека е уште топла прелијте ја со топлиот крем. Потоа ставете го колачот во фрижидер и оставете го да се излади. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma