За луѓето кои редовно консумираат цитруси, како лимони, портокали, мандарини, грјпфрут, ризикот од инсулт е многу помал сочат резултатите од последните анализи.
Освен што цитрусите се незаменливи во борбата со тешката болест инсулт, тие исто така содржат и многу витамини и минерали, неопходни за вашето целосно здравје како и за имуниот систем. Сите тие содржат флавоноиди преку кои се реализираат различните механизми на заштита, а истовремено ја подобруваат состојбата на крвните садови, црниот дроб и имаат противоспалителен ефект. Освен тоа играат значајна улога во регулирање на мастите и нивно полесно разградување. Идеални се и за здравиот и убав изглед на вашата кожа и коса. Редовната нивна консумација ви гарантира добро општо здравје и убавина.