Црквата Св. Димитрија – чудото кое потврди дека Македонија е благословена земја !!!

popara14 април, 20123min00
1 (2)

За Христијанството и неговите почетоци, сведочи старата и прекрасна земја, за која се верува и потврдува дека е благословена… Нашата преубава Македонија !!!

Овие денови, уште едно чудо ги собра сите верници во едно. Тие ќе кажат дека не случајно, на денот на Исусовото влегување во Ерусалим – Цветници, во една од најстарите македонски цркви – Св. Димитриј, се случи вистинско чудо. Во духот на најголемиот Христијански празник, во преубавата црква, секојдневно се собираат верници кои со големо спокојство и радост ја примаат пораката, искажана преку несекојдневната појава- чистењето на иконите. Сите кои веруваат во Божјата големина и лично се уверија во оживувањето на фреските, кои преку ноќ добија чисти и јасни бои, ова го прифатија како Божји знак, кој токму пред Велигден, нé соедини.

Црквата Св. Великомаченик Димитриј, се наоѓа во близина на Камениот мост, на почетокот на Старата скопска чаршија. Овој храм, пред изградбата на соборниот храм „ Свети Климент Охридски “, беше соборен храм на Македонската  православна црква. Во периодот помеѓу 1886 и 1896 година, храмот бил целосно реновиран и проширен. Иконостасот во внатрешноста на црквата е на три нивоа. Карактеристични за него се преубавата плитка резба со позлата.

Преубаво е чувството да се живее во благословената земја на чудата – Македонија !!!

Уште поубаво, да се биде во внатрешноста на преубавата црква Св. Димитрија и да се почувствува вистинската Велигденска светлина…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag