Црвени штангли

30 април, 20120
d3

Потребни состојки:

500 гр мелени кекси, 150 гр шеќер, 250 гр маргарин, лажичка какао

За филот:

2 пудинга од јагода

800 мл млеко

2-3 лажици шеќер

150 гр маргарин

За декорација: преливи за торти, рибизли, малини, капини

Начин на подготовка:

Маргаринот и шеќерот изматете ги пенасто, а потоа ставете ги мелените кекси. Од семсата двојте една третина, а во преостанатата додадете го какаото и добро изматете.

Млекото и шеќерот ставете го во сад да се варат. Кога млекото ќе почне да вире, ставете го предходно изматениот пудинг и мешајте се додека смесата не се соедини добро.

Оладениот крем ставете во изматениот маргарин, потоа мал дел од темната смеса распоредете ја во четвртаст подмачкан плех и премачкајте го со половина од кремот. На крај ставете ја светлата смеа од кексот. Преливот за торти  направете го според упатствата, распоредете ја декорацијата со овошките по желба.

Колачот оставете го фрижидер добро да се олади, а потоа можете да го сервирате исечен на штангли.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi