Црвите, роднини на вонземјаните! :)))

popara22 февруари, 20121min00
146554

Малите суштества на дното на океаните би можеле да бидат од суштинско значење за истражувањето на живиот свет во универзумот, бидејќи живеат во услови како оние на Марс и Јупитер.

Црвите од родот Polychaetes би можеле да бидат од суштинско значење за истражување на животот на другите планети.

Суштествата долги само два до три сантиметри живеат во длабочините од 1000 метр под морското ниво. Поднесуваат голем притисок и до  нив не допира ни зрак светлина. Се населуваат крај хидротермални отвори, пукнатини на морското дно, кои главно се од вулкани. Тие отвори испуштаат врела вода и мешавина од разни хемикалии, кои влијаат на изгледот и крактеристиките на црвите. Слични хидротермални отвори постојат и на Марс и  на јупиторовата месечина Европа.

Токму поради тоа, научниците веруваат дека преку црвите ќе може да се истражува животот во вселената. Толку многу еволуирале црвите што може да издржат најсурови услови за живот. Живеат, опстојуваат и се размножуваат без сончева светлина, односо процесот на фотосинтеза.

Нивниот опстанок зависи од бактерии  и едноставни организми од тие хемикалии на дното на водите. Може да поднесат и ектремно ниски, но и високи температури околу вулканските пукнатини.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag