Моника признава дека не е фан на спортот и напорните тренинзи, па затоа посветува поголемо внимание на правилната и здрава исхрана.
Првиот ден наутро пие чаша кафе и две бисквити со лажица слатко. За ручек зелена салата со маслиново масло и лимон, црн леб со парче сирење и овошје, а за вечера шпагети со сирење и салата.
Вториот ден започнува со јогурт и овошје, ручекот се состои од омлет и зеленчук на пареа. Вечерата е варено пилешко месо, зелена салата и овошје.
Третиот ден стартира со чаша чај со мед и лимон, две бисквити и овошје. Ручекот е варени компири со пармезан. Вечерата – шпагети со домати.
Четвртиот ден јогурт со житарици се јаде наутро, ручекот се состои од варен ориз и парче варено телешко месо со зеленчук на пареа како додаток. Вечерата е печена риба, салата и грозје.
Петиот ден започнува со свежо исцеден сок од портокал и парче црн леб со маргарин. Ручекот е шпагети и ананас како десерт. Вечерата е варен црвен грав и варено јајце, парче црн леб и овошје. Шестиот и седмиот ден се повторува менито од некој од предходните денови, по ваш избор.